Легендарниот шпански голман, Икер Касиљас, судејќи по се уште некое време ќе го носи дресот на Порто.
Овој 36-годишен голман оваа сезона покажа дека се уште не е старо грозје, а се појавија информации и дека би можел да го напушти „Драгао“ по истекот на договорот кој важи до јуни.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, во Порто се одлучни да го задржат фантастичниот Касиљас, што најдобро потврдува изјавата на претседателот на клубот, Пинто да Коста.
„Сакам Касиљас да остане во клубот, но се е возможно. Тој е голем голман и многу даде за Порто откако пристигна во клубот. Ќе му понудиме нов договор и се надевам дека ќе пронајдеме заеднички јазик“, порача Да Коста.
Икер Касиљас пристигна во Порто во 2015. година од Реал Мадрид, а за португалскиот клуб бранеше на 105 натпревари. Интересно е што за време на неговиот престој во клубот, Порто не освои ниту еден трофеј.