Дома Трансфер зона Одлуката на Куман со Кутињо ќе ја чини Барселона пет милиони евра

Одлуката на Куман со Кутињо ќе ја чини Барселона пет милиони евра

Новиот тренер на Барселона Роналд Куман одлучи да го остави бразилскиот фудбалер Фелипе Кутињо во екипата за новата сезона.

Иако Барселона имаше намера да го продаде Бразилецот за сума од 120 милиони евра во овој момент тоа е преголема сума за било кој клуб, а бидејќи не сакаа да го испраќаат на нова позајмица тој остана во клубот.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Така Кутињо ќе биде дел од екипата за наредната сезона и поради тоа Барселона ќе мора да му испалти пет милиони евра на Ливерпул.

Причината се бонусите вклучени во трансферот на бразилскиот фудбалер, па Барса ќе ја исплати оваа сума ако Кутињо одигра 15 натпревари. Нема дилеми дека кога останува тоа ќе се случи, со оглед на тоа дека сезоната ќе биде долга и напорно.

Кутињо вкупно за Барселона одигра 76 натпревари и постигна 21 гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид за само две милиони евра добива фудбалер кој потсетува на Педри?

Шпанските медиуми најавуваат дека Реал Мадрид наскоро би можел да добие засилување за кое …