Дома Фудбал Англија Одложен уште еден натпревар на „Боксинг Деј“

Одложен уште еден натпревар на „Боксинг Деј“

Натпреварот помеѓу Евертон и Барнли кој требаше да се игра за „Боксинг Деј“ е одложен поради големиот број на заразени фудбалери кај тимот на „карамелите“.

Евертон побара мечот да биде одложен, откако менаџерот Рафа Бенитез, остана со само 11 фудбалери од првиот тим. 

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Првичното барање на Евертон беше одбиено, но бидејќи поголем дел од отсутните фудбалери се заразени со Ковид, Премиер лигата сепак одлучи да го одложи мечот.

Ова е трет одложен натпревар за „Боксинг Деј“ откако претходно беа одложени  дуелите Ливерпул – Лидс и Вотфорд – Вулверхемптон.

Натпреварите на традициционалниот „Боксинг Деј“ се играат во недела на 26 декември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ситуацијата се менува, Влаховиќ повторно најплатен!

Душан Влаховиќ беше пред прагот на напуштање на Торино, но сега се молат да се врати по по…