Дома Фудбал Одложен натпреварот Селта – Реал Мадрид!

Одложен натпреварот Селта – Реал Мадрид!

Поради безбедносни причини, натпреварот помеѓу Селта Виго и Реал Мадрид, кој требаше да се игра утре, ќе биде одложен, пренсуваат шпанските медиуми.

Градоначалникот на Виго, Абел Кабалјеро по извршената инспекција на градските власти обелодени дека стадионот „Балаидос“ не е доволно сигурен за да може натпреварот непречено да биде одигран.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Имено, за викендов на територијата на Шпанија се најавуваат обилни врнежи на дожд, а во случајот на „Балаидос“ постојат оправдани сомнежи околу сигурноста на овој стадион, поради што е донесена одлука воопшто да не се ризикува, а дуелот да биде закажан за нов датум, што дополнително ќе биде одреден.

„Кралевите“ денес не отпатуваа за Виго откако им беше соопштена веста, а дополнително треба да биде потврден датумот за одигрување на овој меч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиол размислувал да се откаже од фудбалот и да започне со кошарка

Одбранбениот играч на Манчестер Сити, Јошко Гвардиол, откри дека во времето кога бил млади…