Дома Македонски спорт Мак фудбал Одложено Редовното годишно Собрание на ФФМ

Одложено Редовното годишно Собрание на ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија следејќи ги заклучоците, мерките, препораките и забраните на Владата на Република Македонија поврзани со заштита и превенција од коронавирусот, како и прогласувањето на пандемија од страна на Светската здравствена организација, донесе одлука за одложување на редовното годишно собрание на Фудбалската федерација на Македонија кое беше закажано за 21 март 2020 година.

Јавноста и фудбалското семејство навремено ќе бидат известени за терминот за одржување на Редовното годишно Собрание кој дополнително ќе се утврди.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имајќи го в предвид пред се здравјете на фудбалерите, гледачите и сите други фудбалски актери, Фудбалската федерација на Македонија постојано ја следи ситуацијата со коронавирусот и постапува согласно препораките на јавно – здравствените институции.

Исто така и челниците на македонскиот фудбал на чело со претседателот Мухамед Сејдини и селекторот Игор Ангеловски се во домашна изолација, откако присуствуваа на Конгресот на УЕФА во Амстердам, каде беше и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Славиша Кокеза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барди: Во Шпанија ме споредуваа и со Меси!

Maкедонскиот репрезентативец Енис Барди кој настапува во дресот на Трабзонспор во интервју…