Дома Фудбал Англија Одекна БОМБА на Островот: Челзи се збогува со Бразилецот, позната и новата дестинација?!

Одекна БОМБА на Островот: Челзи се збогува со Бразилецот, позната и новата дестинација?!

Дали повторно на повидок имаме ситуација слична на онаа на Диего Коста?

Како што е веќе познато, Конте за време на викендот елиминираше двајца Бразилци, а повеќе познатиот би можел да го напушти клубот.


Кај Италијаните нема простување, Давид Луиз му упатуваше пцовки, па со тоа ја иницираше и неговата тактика, се зборува и дека такви работи идентично правел и во ПСЖ.

Сега англиските медиуми ја лансираа информацијата дека Челзи ќе го продаде Бразилецот, со оглед на тоа дека иднината е во рацете на Кристенсен кој беше одличен против Манчестер Јунајтед.

За потсетување, Луиз стана најскапиот стопер на светот кога за 60 милиони евра од Челзи премина во редовите на ПСЖ, Мурињо го продаде, Конте пак, го врати за помала сума.

Во овој момент се шпекулира дека дел од врвните европски екипи го посакуваат Бразилецот во своите редови, кој има проблем со однесувањето, а Бразилецот има 30 години и тешко е да се поверува дека некој би ризикувал и би платил голема сума, освен Кинезите.

Тој е голема ѕвезда во оваа земја, и би можел да тргне по стапките на Рамиреш и Оскар кои од Челзи преминаа во тамошната лига.

Сега, прашањето е дали Кинезите ќе вложат пари, не е проблем платата, туку обештетата, како што се наведува, Челзи бара околу 60 милиони, со што Луиз би се изедначил со сопствениот рекорд.

Останува да се види како оваа ситуација ќе се одвива, познато е дека Конте е злопамтило, се сеќавате дека изминатата зима имаше судир со Коста, по што го отпиша од составот. Луиз би можел до крајот на февруари да остане во Челзи, а потоа да се пресли во Кина?!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Како Флик ги намалил тензиите? Гави објасни што се случувало пред натпреварот со Еспањол

Барселона победи на гостувањето против Еспањол во градското дерби (2:0) со головите на Лам…