Ривер повторно е во финалето на Копа Либертадорес.
Милионерите издржаа на пеколната „Ла Бонбоњера“ и ќе имаат прилика да ја одбранат титулата шампион на Јужна Америка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бока прослави пирова победа. Натпреварот заврши со 1:0 и тоа не беше доволно затоа што домаќинот на „Ел Монументал“ изгуби со 2:0.
Атмосферата очекувано беше пеколна, но скоро 50.000 домашни навивачи немаа причина за славје. Натпреварот доцнеше 15-тина минути поради хартиите кои беа фрлени на теренот.
Бока во поголемиот дел од натпреварот имаше теренска иницијатива, но Франко Армани на голот немаше премногу работа.
Голот на надеж домаќините го постигнаа во 80-тата минута когап осле прекин Јан Хуртадо ја смести топката во празната мрежа. Имаше домаќинот десетина минути да избори продолженија меѓутоа не успеаа.
Ривер не одигра добар натпревар, но благодарение на одличниот настап во првиот натпревар успеаа да се изборат за ново финале.
Ќе потсетиме лани Ривер во финалето беше подобар токму од Бока.