Многи полемики во Италија предизвика смената на Давиде Балардини на клупата на Џенова.
Тимот за кој настапува Горан Пандев не започна воопшто лошо, но поразот од Парма беше причини Енрико Прециози да то отпушти Балардини кој го спаси овој клуб од испаѓање во финишот од сезоната. Оваа сезона клубот има учинок од четири победи и три порази.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Што требаше да правам, добар човек е, го има најдобриот стрелец во лигата, Пиатек, 25 играчи, четири напаѓачи и изгуби од Парма на домашен терен иако сме подобар тим“, тврди Прециози.
Тој го врати Јуриќ кој исто така го отпушташе, а не пропушти прилика да го критикува Балардини.
„Сите вие кои ми замерувате би требало да го погледнете неговото минато, добар е за кратки периоди, но во 14 години доби 13 откази. По што сум јас посебен, единствено место каде што започна и заврши сезона е клупата на Самбенетедензе во третата лига“, додаде сопственикот на Џенова.
Навистина во Италија знаат често да се менуваат тренерите, но случајот на Блардини е посебен.
Овој тренер од споменатата сезона кога започна како тренер во третата лига добиваше откази во: Каљари, Лацио, три пати во Џенова, уште еднаш во Каљари и два пати во Палермо и Болоња. Зампарини го враќаше на клупата после смената на Новелина, а на клупата на Сицијлијанците беше и во 2008 година кога го наследи Зенга.
Најголем успех му беше победата во Суперкупот на Италија со Лацио против Интер, но таа година во февруари доби отказ кога Римјаните беа во зоната на испаѓање.