Дома Фудбал Ова ќе предизвика бурни реакции: Добитникот на Златната топка е веќе познат, се е само формалност

Ова ќе предизвика бурни реакции: Добитникот на Златната топка е веќе познат, се е само формалност

Франс Фудбал вчера ги објави номинациите за Златната топка, а според информациите од Шпанија, нов добитник на наградата за најдобар фудбалер на светот ќе биде Лионел Меси.

Аргентинецот Лионел Меси на 30 октомври најверојатно по осми пат ќе ја подигне Златната топка, наградата за најдобар светски фудбалер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Франс Фудбал вчера објави список од 30 играчи номинирани за оваа престижна награда, но според информациите кои пристигнуваат веќе е познато името на победникот а тоа е Лионел Меси.

Со оглед на тоа што наградата се доделува за најдобрите од претходната сезона, а не за календарската година, освојувањето на титулата светски шампион со аргентинската репрезентација ќе одлучува за добитникот на наградата.

Весникот АС наведува дека Меси има 93 отсто шанси да го освои новиот трофеј, а конкуренција му е напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд.

Трофејот светски првак очигледно има многу поголема вредност во однос на сите индивидуални и клупски титули што ги понесе норвешкиот напаѓач минатата сезона.

Меси на тој начин веројатно ќе ја понесе својата осма титула најдобар фудбалер на светот, а церемонијата на која ќе се доделува Златната топка и другите индивидуални награди за минатата сезона е закажана за 30 октомври во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германецот сака само во Реал, неговиот клуб одреди цена од 50 милиони евра!

Капитенот на Борусија Дортмунд Нико Шлотербек ја донесе својата одлука – ако ја напу…