Дома Трансфер зона Ова не е реалнo: Њукасл за својот напаѓач бара 57 милиони евра!

Ова не е реалнo: Њукасл за својот напаѓач бара 57 милиони евра!

mitrovic

Бенитез ги откри картите, но дали е реално….

Њукасл скоро и да го преспа поголемиот дел од зимскиот преоден рок, но во финишот од преодниот рок на „Сент Џејмс Парк“ сепак нешто би можело да се случи. За сега само на позајмица од Челси пристигна Бразилецот Кенеди.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанецот има желби, но проблем е недостатокот на пари за нивна реализација. Еден од фудбалерите кои се доведува во врска со заминување е српскиот напаѓач Александар Митровиќ.

Митровиќ до овој момент се поврзуваше со Брајтон, ВБА, Вест Хем, Бешикташ, Олимпијакос, Андерлехт и Америка од Мексико.  Но сумата која Бентиез откри дека ќе ја бара за својот сигурно дека ќе ги откаже заинтересираните кллубови.

„Бев кристално јасен во разговор со Митровиќ и неговиот агент и им соопштив дека може да замине само доколку доведеме негова замена. Но и дека нема да може да оди во клуб кој наш директен ривал во Премиер лигата. Знам дека Брајтон го посакува, но сакам да им порачам дека нема да им го продадеме, ниту на нив, ниту на било кој друг ривал. Всушност би го продале, но само доколку понудата 50 милиони фунти (57 милиони евра)“, изјави Бенитез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…