Дома Фудбал Италија Ова е планот на Италијанците: Серија А треба да заврши на 12-ти јули

Ова е планот на Италијанците: Серија А треба да заврши на 12-ти јули

Фудбалските власти на Италија поставија нова цел и тоа е завршување на првенството на 12 јули, пренесува „Газета Дело Спорт“.

Информациите наведуваат дека федерацијата може да спроведе масовни тестови за КОВИД-19 на 27 април, а во отсуство на позитивни примероци, играчите ќе го продолжат со тренинзи на 4 мај.

Во моментов идејата е Серија А да продолжи на 31 мај, а тоа ќе даде доволно време тимовите да ги одиграат сите натпревари до 12 јули.

Сепак, ова нема да биде крај на целата сезона, бидејќи УЕФА сака да се одиграат европските клупски турнири откако ќе завршат домашните првенства.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Еди Хау како можен наследник на Карик во Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед го разгледува Еди Хау како потенцијален идни менаџер ако клубот реши да…