Дома Фудбал Англија Ова досега не е видено: Многу чудна повреда заработи играчот на Лестер

Ова досега не е видено: Многу чудна повреда заработи играчот на Лестер

Дефанзивецот на Лестер, Кристиан Фукс доживеа многу чудна повреда пред натпреварот против Хадерсфилд.

Играчите на овој тим се подготвуваа за натпреварот против Хадерсфилд, а австрискиот играч доживеа сосема бизарна и неверојатна повреда. Него го повреди стативот кој се користи за тренинг, а го удри во окото.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Кристиан го повреди окото. Стативот некако одскокна и го удри во око. Изгледаше многу лошо, но од час во час е подобро. Се уште не знам дали ќе биде подготвен за натпреварот. Не можеше да гледа со окото на почетокот, но ситуацијата се подобрува. Ќе дознаеме повеќе по прегледите“, изјави тренерот на Лестер, Крег Шекспир.

Лестер навистина слабо влезе во новата сезона. По четирите натпревари имаат само три бода, а натпреварот против Хадерсфилд е од големо значење за нив. Искусниот дефанзивец е под знак прашалник за овој натпревар, а во сите четири натпревари оваа сезона беше стартер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…