Дома Фудбал Останато Ова го можат само Германци! – Шалке се врати по 4:0, Обамејанг исклучен, „Вестфален“ долго ќе го памети ова дерби!

Ова го можат само Германци! – Шалке се врати по 4:0, Обамејанг исклучен, „Вестфален“ долго ќе го памети ова дерби!

Денес со почеток во 15:30 беше одиграно германското дерби помеѓу Борусија Дортмунд и Шалке.

Во овој натпревар „милионерите“ влегоа со катастрофална серија од пет натпревари без победа во кои имаа дури четири порази.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Домаќините започнаа одлично. Обамејанг отвори во 12 минута. Во следните осум минути, милионерите стигнаа до два погодоци и тоа Стамбули ја погоди сопствената мрежа, а неколку моменти подоцна стрелаше и Геце. За убедливи 4:0 на полувреме се погрижи Гуереро во 25 минута од средбата.

По фантастичниот дел се очекуваше „милионерите“ да одработот рутински втор дел и да ги освојат трите бода против големиот ривал. Сепак, гостите како да го чекаа вториот дел да се разбудат.

Нешто слично како и Борусија, Шалке во вториот дел постигна два брзи гола, Бергсталер погоди во 61 минута, а четири минути подоцна мрежата на Бурки ја погоди Харит. Во 72 минута исклучување заработи Пјер Емерик Обамејанг кој го заработи вториот жолт картон. Шалке преку Калигури стигна до 4:3, а за вистинско чудо се погрижи Налдо во судиското продолжение.

Во останатите натпревари Аугусбург го совлада Волфсбург со 2:1, Леверкузен на гостински терен беше подобар од со 0:1 Франкфурт, Фрајбург со 2:1 резултат го совлада Мајнц, додека Лајпциг запиша победа над Вердер со 2:0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Адеми го потврди триумфот на Динамо со гол (видео)

Динамо Загреб конечно успеа да забележи победа во хрватското првенство. Вечерва на домашен…