Изгледа дека работата е завршена, Данецот пристигнува на „Џузепе Меаца“.
Интер работи на трансферот на Кристијан Ериксен, а видеото кое кружи на интернет е доказ дека зделката е блиску до реализација. Имено, директорот на Интер Бепе Марота е „уловен“ како излегува од еден ресторан заедно со агентот на Ериксен, Мартин Шутс во Милано.
In case you missed it, Beppe Marotta met with Martin Schoots, agent of Christian Eriksen last night for dinner. pic.twitter.com/tMeZE9EXR2
— FedeNerazzurra (@_FedeNerazzurra) January 17, 2020
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Договорени се личните услови помеѓу Ериксен и Интер. Играчот ќе добие договор до летото 2024 во вредност од осум милиони еврап о сезона.
Сега во Интер треба да ги договорат деталите со Тотенхем кој бара сума од 20 милиони евра.
Вчера се пишуваше дека Интер ќе ја подигне понудата од 12 на 18 милиони евра, па поради тоа се очекува наскоро се да биде завршено.