Сосема реално е да очекуваме следната година во Лигата на шампионите правдата да ја делат и жени.
Според информациите на „Билд“, Биабиана Стенхаус (38) веројатно ќе биде првата судијка која во сезоната 2019/2020 во улога на главен судија ќе ја дели правдата во најсилното европско натпреварување, како главен судија.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
„Билд“ одлучи да ја запраша и Биабиана, но таа само кратко одговори: „Не можам и не смаеам тоа да го коментирам“, гласеше одговорот на Стенхаус.
Правилата на УЕФА гласат дека судиите и судијките можат да делат правда на меѓународна сцена доколку последните две години суделе на натпреври од најдобрата лига во домашното првенство.
Биабиана Стенхаус која по професија е полицајка во овој момент суди во Бундеслигата. Судиското деби во најсилната лига во Германија го имаше во септември минатата година на натпреварот помеѓу Херта и Вердер, а потоа се запиша во аналите на германскиот фудбал како прва жена која ја делела правдата на еден од натпревар од Бундеслигата.
Со судењето се занимава од 1999 година, а во досегашната кариера судела на повеќе од стотина натпревари.
Треба да се истакне дека Гркината Крсоула Маргарити беше првата жена во судиска улога во Лигата на шампионите, но како линиска судијка.
#Steinhaus storica: potrebbe essere la prima donna ad arbitrare in Champions https://t.co/kiaxPvub4T pic.twitter.com/dbk7Ik0qPw
— Goal Italia (@GoalItalia) January 4, 2018