Дома Македонски спорт Објавен протоколот: Еве како ќе се уплаќа тикет во обложувалница

Објавен протоколот: Еве како ќе се уплаќа тикет во обложувалница

Oд денес кај нас стапи на сила олабавувањето на мерките за заштита на коронавирус, дозвола да ги отварат своите објекети добија и обложувалниците.

Меѓутоа како и во најголемиот дел сектори и тука ќе има нова правила. Од Владата го објавија начинот на кои ќе работат обложувалниците:


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


1. Користење на заштитна опрема, маски и ракавици од страна на сите вработени на уплатно – исплатните места.

2. Одржување на физичко растојание од 2 метри помеѓу присутните играчи во просторијата.

3. Влез со маски за сите играчи

4. На масите поставени на уплатно-исплатните места има само по две столчиња

5. На шалтер присутен по еден играч со растојание од 2 метра со играчот кој следен чека за уплата

6. Средства за дезинфекција поставени на влезовите од обложувалниците и на пултовите за уплата

7. Шанковите во рамките на уплатните места се без можност за послужување на пијалоци

8. Задолжително редовно вршење на дезинфекција на маси и столици и остаток од инвентар со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот

9. На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100)  или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини

10. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Лина Ѓорческа не успеа да ја изненади 40. тенисерка во светот

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа претрпе елиминација од Челинџер турнирот во …