Дома Македонски спорт Објавени термините за натпреварите на одбојкарите на ЕП во Скопје

Објавени термините за натпреварите на одбојкарите на ЕП во Скопје

Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) ги објави термините за натпреварите во групната фаза на претстојното Европско првенство 2023.

Во групата „Ц“ во Скопје, македонските одбојкари играат со светскиот одбојкарски моќник Полска, со Холандија и Чешка, кои се почитувани репрезентации со висок рејтинг, како и со Данска и со Црна Гора.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Токму со нив ќе почнеме да се натпреваруваме во арената „Борис Трајковски“ од 30-ти август до 6-ти септември годинава. Првите четири репрезентации од групата ќе обезбедат осминафинале.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

30.08.2023 (20 часот): МАКЕДОНИЈА – Данска

02.09.2023 (20 часот): МАКЕДОНИЈА – Црна Гора

03.09.2023 (20 часот): МАКЕДОНИЈА – Полска

05.09.2023 (17 часот): МАКЕДОНИЈА – Холандија

06.09.2023 (20 часот): МАКЕДОНИЈА – Чешка

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …