Дома Фудбал Објавена црната листа на претседателот на Реал Мадрид: На неа се наоѓа и Лука Модриќ

Објавена црната листа на претседателот на Реал Мадрид: На неа се наоѓа и Лука Модриќ

Реал Мадрид новата сезона во Ла Лига ја започна со максимален учинок, со четири победи во четири натпревари и 12 освоени бода.

Во Мадрид сонуваат за нова титула шпански шампион, а почетокот на сезоната им дава право да се надеваат на тој успех, бидејќи кралскиот клуб има четири победи и на крилата на нивното најголемо летно засилување од Борусија Дортмунд, Џуд Белингем, тие играат навистина фантастично.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Целта на Реал ќе биде да ја врати титулата која моментално е во Барселона, а секако желбата е да ја освои и Лигата на шампионите.

Во меѓувреме, систематски се работи на промени во тимот. А веќе е јасно дека ќе има значителни промени на крајот од сезоната.

Објавена е т.н црната листа на претседателот на Реал, Флорентино Перез. Според порталот Фичајес, Реал на крајот на сезоната се откажува од пет играчи и тоа Лука Модриќ, Тони Крос, Лукас Васкез, Начо и Андриј Лунин.

Секако, со оглед на посветеноста на Модриќ кон клубот, за која одби огромни милиони од Саудиска Арабија, сигурни сме дека оваа вест многу ќе го разочара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(Видео) Фудбалски судија ја застрелал својата девојка во Мостар, па сакал да си „пресуди“

Босанските медиуми пишуваат дека Анис Калајџиќ, кој е фудбалски судија со големо искуство …