Реал Мадрид не игра добро оваа сезона. Во Примера заостануваат големи 10 бода зад Барселона, а ги загрижува и тоа што Валенсија има 6 бода повеќе од нив.
Во Лигата на Шампионите обезбедија пласман во следната фаза од натпреварувањето, но од втората позиција. Тоа значи дека „Кралевите“ за противник во осмина финалето би можеле да го добијат ПСЖ, Манчестер Сити или пак Челзи.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Поради тоа, во Мадрид сериозно се зборува за реконструкција на тимот, а шпанските медиуми од ден на ден се натпреваруваат кој повеќе ќе објави за потенцијалните засилувања на клубот. Така, фудбалскиот таблоид „Diario Gol“ донесе листа на пет засилувања кои претседателот на Реал, Флорентино Перез сака да ги види во својот клуб.
Тука се ѕвездите како Хари Кејн, Деле Али и Паоло Диабала, како и дефанзивецот на ПСЖ, Маркињос. На листата како најголемо изненадување се најде и голманот на Атлетик Билбао, Кепа Аризабалага. Имено, неговото место на листата е чудно со оглед на тоа што во врска со Реал веќе некое време се наоѓаат Давид Де Геа и Тибо Куртоа.