Денес Еурофарм Пелистер го промовираше новото засилување, битолскиот тим влегува во сезоната со амбиции да прекине доминацијата на Вардар.
Во Битол денес беше промовиран Немања Обрадовиќ. После авантурите во Полска. Белорусија и Хрватска, Обрадовиќ доаѓа во Е.Пелистер. Треба да се спомене дека во сезоната 2016/2017 настапуваше за Металург.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Еурофарм Пелистер е клуб со голема традиција и амбиција и секоја година го забележувам напредокот. Минатата сезона нијанси решаваа. Среќата во спортот често е пресудна. Верувам дека оваа сезона можеме подобро да се претставиме. Нè има повеќе и ќе има повеќе ротации, но ќе има и повеќе натпревари. Коронавирусот го промени спортот. Навивачите во Битола се многу важен фактор. Сите знаат дека фановите тука се многу страствени и живеат за овој спорт. Ако ги имаме како поддршка на трибините, тоа ќе биде голем плус за нас“, изјави Обрадовиќ.