Пјер Емерик Обамејанг ќе биде надвор од терените еден месец откако заработил фрактура на вилицата после нападот на крадците во неговиот дом.
Поради ваквата ситуација може да пропадне и неговиот трансфер во Челзи за кој се преговара подолго време. Во понеделникот беше објавено дека Обамејанг бил истепан и ограбен од најмалку четири лица кои влегле во неговиот дом.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Последните информации од Шпанија се дека Габонецот ќе паузира околу еден месец откако се здобил со фрактура на вилицата. Обамејанг бил удрен со метална прачка, па ќе мора да паузира во следниот период.
Повредата доаѓа во моментите кога се преговара за неговиот трансфер во Челзи и преговорите беа во напредна фаза се очекуваше двата клуба да пронајдат заеднички јазик, но сега ситуацијата може да се промени.