Пјер Емерик Обамејанг денес е еден од најдобрите напаѓачи во светот и европските гигнати нудат луда сума за неговиот потпис, а малкумина знаат дека тој поникна од школата на Милан.
Обамејанг дури има и неколку официјални настапи за Милан, но подоцна „росонерите“ го испраќаа по позајмица, за на крајот да го продадат во Сент Етиен за само 2 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Африканскиот напаѓач сега е еден од најдобрите во светот, знае дека „росонерите“ жалаат за него, но тврди дека со задоволство би се вратил на „Сан Сиро“.
„Искрено по малку жалам што не успеав во Милан, а знам дека и „росонерите“ жалат за мене. Ова лето се видов со Галиани и ми беше мило што го сретнав. Ми честиташе за се што направив до сега во кариерата и ми рече: ’Знам дека ова лето е невозможно, но во иднина доколку посакаш секогаш си добредојден кај нас’, јас му одговорив: ’Со задоволство би се вратил во Милан’, открива Обамејанг.
Обамејанг потоа додаде дека израснал со митот да биде новиот Жорж Веа на „Сан Сиро“, но дека му се здосадиле многуте позајмици на кои го испраќале „росонерите“.