Дома Фудбал Англија НУЛА во дербито – Ливерпул го загуби првото место (видео)

НУЛА во дербито – Ливерпул го загуби првото место (видео)

„Мерсисајд“ дербито заврши без победник и без голови, па тимот на Јирген Клоп го загуби првото место на табелата.

Уште едно реми без голови, четврто во последните шест меча, придонесе Ливерпул да падне од врвот на табелата и во моментов му гледа во грб на Манчестер Сити.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


На самиот почеток на мечот Евертон се закани преку Сигурдсон, а во средината на првото полувреме му возврати Салах и тоа беше се што видовме во првиот дел.

Домаќините имаа шанса на самиот старт на второто полувреме, но Алисон беше на висина на задачата. До крајот Фабињо се обиде да го совлада голманот на „карамелите“, но резултатот остана непроменет.

Ливерпул после овој меч го загуби првото место на табелата и има еден бод помалку од Манчестер Сити, од друга страна Евертон остана на 10-та позиција со 37 бода.

Во следното коло Ливерпул на домашен терен ќе го пречека тимот на Барнли, додека Евертон ќе гостува кај Њукасл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нова понуда за Леаo: Гигант нуди 75 милиони евра плус фудбалер

Шансите дека Рафаел Леао ова лето ќе се пресели во Баерн се намалуваат, тоа е факт, меѓуто…