Дома Фудбал Германија Нојер го престигна легендарниот Оливер Кан

Нојер го престигна легендарниот Оливер Кан

Германскиот голман Мануел Нојер го изедначи рекордот на легендарниот Оливер Кан.

Баерн синоќа ја победи Борусија Менхенгладбах со високи 6:0, заверувајќи ја титулата која беше освоена пред натпреварот да започне, со оглед на поразот на Лајпциг во Дортмунд.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За капитенот Нојер ова беше 204. натпревар во кој ја зачува мрежата. За тоа му требаше 444 натпревари, додека за истиот подвиг на Кан му беа потребни 557 натпревари.

Нојер е класа, сега само е во прашање кога ќе стигне до рекордниот 205. натпревар без примен погодок, со што дефинитивно ќе го сруши рекордот на поранешниот капитен и голман на Баерн.

Нојер во Баерн пристигна во 2011. година од Шалке, а од 2009. година е голман на германската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

„Мојата сопруга и деца не летаат со приватни авиони“: Ибрахимовиќ има посебна причина за тоа и нема врска со парите

Златан Ибрахимовиќ има доволно пари по долга и успешна кариера. Сега е директор во Милан и…