Дома Фудбал Нојер го израмни рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Нојер го израмни рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Баерн во реваншот од осминафиналето во Минхен го победи Лацио со 3:0, додека во вториот вчерашен натпревар ПСЖ го совлада Реал Сосиедад со 2:1 и со тоа обезбедија пласман во четврфиналето во ЛШ.

Баварците конечно имаа одличен настап во Минхен, доминираа практично во текот на целиот натпревар, имаа далеку повеќе можности и шутеви и сосема заслужено ја извојуваа 12-та победа во последните 13 настапи во осминафиналето. Два гола постигна Хари Кејн (39′, 66′), а еден Томас Милер (45+2′).

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На тој натпревар голманот на Баерн Мануел Нојер израмни рекорд во Лигата на шампионите.

37-годишниот германски голман го забележа 57. натпревар во кој не прими гол. Исто толку има и рекордерот Икер Касиљас кој бранеше за Реал Мадрид и Порто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Српски коментатор за успехот на БиХ: Љубоморен сум, ги исфрлија Србите и сега гинат за репрезентацијата (Видео)

Српските спортски коментатори Небојша Вишковиќ и Гојко Андријашевиќ во својот подкаст „Wis…