Англискиот тим Нотингем Форест беше казнет со 750.000 фунти поради коментарите против судијата Стјуарт Атвел дадени во април.
Независната регулаторна комисија оцени дека обвинувањето на Фудбалската асоцијација е легитимно.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Нашето трпение е тестирано многу пати. Не можеме да прифатиме некои одлуки“, изјавија од Нотингем по поразот од Евертон со 2:0 минатата пролет.
Од клубот од Ист Мидлендс засега не сакаа да ја коментираат санкцијата.
Во коментарите ФА видела и индикација дека судијата од ВАР бил пристрасен како навивач на Лутон. Според Фудбалската асоцијација на Англија, независната регулаторна комисија одржала расправа и утврдила дека однесувањето на Нотингем е незаконско и затоа одредила казна.