По заминувањето на Нејмар во ПСЖ, шпанскиот гигант Барселона е на прагот за загуби уште еден фудбалер.
Шпанскиот репрезентативец Серхи Роберто побарал од раководството на тимот да биде продаден ова лето, бидејќи со доаѓањето на Паулињо ќе има огромна конкуренција во тимот и тој ќе мора да ја грее клупата за резерви.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Сепак од Барселона не сакаат да слушнат за такво нешто, но ако пристигне понуда од 40 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула на Шпанецот, „каталонците“ ќе загубат уште фудбалер.
Интерес за услугите на 25-годишниот играч за врска има од англиските тимови Челси, Манчестер Сити и Тотенхем.