Кениската атлетичарка Џојсилин Џепкосгеи постави нов светски рекорд на трката во Прага, и стана првата натпреварувачка во историјата која полумаратонот(21,097 км.) го истрча побрзо од 65 минути (1:04:52).
Рекордот на 23 годишната Кенијка е за 14 секунди подобар од претходниот рекорд, што го држеше нејзината сонародничка Перес Јепчирчир.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓународната атлетска федерација објави дека на патот кон рекордот, Џепкосгеи ги поставила најдобрите резултати на сите времиња и на уште три делници, на 10 километри, на 15 километри и на 20 километри.
Во конкуренција на атлетичари, победата на полумаратонот ја однесе Тамират Тола од Етиопија, кој делницата ја претрча за 59:37 минути