Како што пренесува „Мундо Депортиво“, управата на „Топчиите“ е одлучно да пазари на „Камп Ноу“.
Петар Чех нуди се послаби партии во дресот на Арсенал, па се повеќе се шпекулира за неговиот поренцијален наследник.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, голем број на голмани се поврзувани со Арсенал, а според последните информации, следното лето на „Емирати“ би можел да пристигне голманот на Барселона, Јаспер Силесен.
Холандскиот репрезентативец е во сенка на одличниот Марк Андре тер Штеген, не добива многу шанси, па јасно е дека понуда од голем клуб во Премиер лигата би можела да го натера да ја промени средината.
За неговите услуги има голем интерес, како што се наведува Силесен е на името на листата желби и на минхенски Баерн, како и Челзи, Манчестер Јунајтед и Сити.
Силесен како што е наведено во договорот има откупна клаузула тешка 60 милиони евра, па останува да се види дали Арсенал е доволно подготвен да плати ваква сума за новиот чувар на мрежата, или ќе се обиде управата на Барса да извлече некоја подобра сума.