Eкипата на Вардар се засилува со искусниот 33-годишен фудбалер Јасмин Мециновиќ кој пристигнува од екипата на Беса Добридол.
Мециновиќ игра на позицијата централен одбрамбен играч, а во нашиот тим доаѓа од екипата на Беса.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Станува збор за фудбалер со богато играчко искуство во својата кариера, во која настапувал за екипите на Скопје, Македонија Ѓ.П, Ренова, Пелистер, Струга и како интернационалец во екипите на Шериф Тираспол (Молдавија), Сонгдал (Норвешка), Егри и Ломбард Папа (Унгарија), Банатс (Ерменија), Рудар Плевља, Подгорица (Црна Гора), Трепча, Феризај (Косово), Мелака(Малезија), Нејмех (Либан)
За младата репрезентација на Македонија има забележано 13 настапи.