Манчестер Јунајтед не му понуди нов договор на напаѓачот Златан Ибрахимовиќ, така да Швеѓанецот ќе го напушти „Олд Трафорд“.
Тоа стана јасно откако Премиер лигата го објави списокот на играчи кои се под договори со клубовите. Ибрахимовиќ со Јунајтед потпиша едногодишен договор со оцпија на продолжување на соработката. Тој, меѓутоа, во април го повреди коленото и мала е веројатноста дека на теренот ќе се врати пред почетокот на 2018. година.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
BBC пишува дека Ибрахимовиќ својата рехабилитација ќе ја заврши во тренинг центарот на Манчестер. Ибра за Јунајтед одигра 46 натпревари во сите натпреварувања и постигна 28 гола.
Сепак, по веста дека својата кариера нема да ја продолжи во Јунајтед, иако многумина фанови тоа го очекуваа, Ибрахимовиќ на својата официјален Инстаграм профил постави интересно видео.
Имено, Златан лежи на кревет со копачки на нозете додека во позадина свири вестерн музика. Пораката е јасна: Спремен е да се врати на фудбалот. Останува прашањето: Каде?