Дома Фудбал Останато Нови информации: Пронајдено писмо, најмладиот хуиган и ги открил плановите на својата девојка!

Нови информации: Пронајдено писмо, најмладиот хуиган и ги открил плановите на својата девојка!

Поминаа веќе неколку дена од страшните нереди во натпреварот помеѓу Партизан, но регионот и понатаму се занимава со причините и мотивите.

Во судирот помеѓу неколку фракции на навивачите на Партизан на јужната трибина како што е познато учествуаа и шестмина хрватски државјани, а и понатаму е непознато како и зошто тие завршиле таму. Постојат теории дека секој од нив добил по 10.000 евра за да направат инцидент. Наводно ги платиле поранешните „воџи“ на Партизан кои се обидувале да го вратат приматот.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Сега се појавуваат информации дека најмладиот приведен хулиган кој допатувал во Белград  Иван Роналд Мишковиќ (18) и испратил писмо на својата девојка во која и ги открил своите планови.

„Имам опасен, навистина опасен ден, затоа ти пишувам бидејќи кој знае што ќе се случи. Ќе бидам можеби малку претепан, но ќе тепам повеќе. Ние сме 150 и ќе се тепаме против нив 600. Малку сум загрижен, но не се откажувам“, гласело писмото.

Навистина, малку е невообичаено и чудно некој во време на Интернет, Фејсбук, Вибер и останатите друштвени мрежи да користи начин на комуникација својствен за минатиот век.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мбапе го напушти кампот на репрезентацијата за да оди во Дубаи

Килијан Мбапе предизвика полемики во Франција со посетата на падел-клуб во Дубаи, откако п…