Дома Топ вести Нови информации: Дали Алаба навистина може да ја заврши кариерата?

Нови информации: Дали Алаба навистина може да ја заврши кариерата?

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба се уште се опоравува од тешката повреда на коленото и во овој момент не е познато кога ќе се врати на терените.

Одредени шпански медиуми во текот на вчерашниот ден пишуваа дури и дека Австриецот би можел да ја заврши кариерата затоа што и десет месеци по операцијата чувствувал болка.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, Фабрицио Романо тврди дека неговата кариера не е доведена во прашање, туку дека се уште се опоравува и дека процесот очигледно трае подолго од очекуваното.

Романо додава дека закрепнувањето оди побавно, но според планот и дека се вклучени медицинскиот тим и кондиционите тренери кои биле задоволни од текот на опоравувањето.

Алаба според последните информации се чувствува добро и се држи до дадениот план и програма. Сепак, се уште не може никој да каже кога точно ќе се врати.

Повредата на коленото Алаба ја заработи минатиот декември во натпреварот против Виљареал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона, Арсенал и Наполи во трка за бразилското “чудо од дете”

Летниот трансфер период во Европа што го оставивме зад нас беше доста интересен, и на тран…