Дома Топ вести „Новиот Тиаго Силва“ дебитираше за Барса: Не можам да поверувам!

„Новиот Тиаго Силва“ дебитираше за Барса: Не можам да поверувам!

Еден од најталентираните дефанзивци во светот, Бразилецот Марлон Сантос синоќа дебитираше за Барселона во Лигата на шампиони против Селтик.

21-годишниот Марлон Сантос ова лето пристигна во Барселона од Флуминенсе, а во Бразил веќе го нарекуваат „новиот Тиаго Силва“, што доволно говори за каков талент станува збор.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Дефанзивецот е на позајмица во каталонскиот клуб до крајот на сезоната, но Барселона ќе има можност да го откупи неговиот договор следното лето.

Марлон Сантос до сега играше за Б тимот на Барса, а синоќа во Лигата на шампиони и неможеше да ги сокрие емоциите.

„Мојот дебитанстски настап за Барса беше неверојатен. Сеуште не можам да поверувам, тоа беше деби од соништата. Луис Енрике само ми рече да влезам во игра и да одиграм како што го правам тоа во Б тимот. Дресот ќе го однесам да ми го потпишат соиграчите, а потоа ќе го закачам на ѕид во мојата соба“, изјави видно возбудениот Бразилец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…