Дома Останати Новиот светски шампион во тешка категорија сакал да биде фудбалер

Новиот светски шампион во тешка категорија сакал да биде фудбалер

Олександер Усик успеа да го совлада шампионот Ентони Џошуа во тешка борба во 12 рунди, па така го презема светскиот врв.

Интересно е тоа што Усик се родил на ист ден како и големиот Мохамед Али, но сепак тој сакал да биде фудбалер и да направи професионална кариера.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Украинецот ги минал сите младински категории на Тавриа, но откако видел дека не е добар за фудбал, тој решил да се префрли на бокс.

Во текот на аматерската кариера победил на 335 борби, а загубил само 15 порази, додека во Лондон во 2012 година на Летните олимписки игри освои златен медал.

Веднаш потоа почнува неговата професионална кариера, по што стигна до појасот во лесно-тешка категорија во ВБО, по што следи уште поголем успех во неговата кариера, кој кулминира со победата против досегашниот светски шампион Џошуа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Неверојатно: Линдзи Вон почна да тренира 25 дена по страшната повреда

Американската скијачка Линдзи Вон повторно го остави светот без зборови. Само 25 дена по с…