Дома Фудбал Останато Новинар од Чиле зборуваше за иднината на Алексис Санчез

Новинар од Чиле зборуваше за иднината на Алексис Санчез

Ова е најлошата сезона во кариерата на Алексис Санчез.

Од некој кој требаше да биде најдобар играч на овој Манчестер Јунајтед и предводник на теренот, до играч кој само еднаш ги одигра сите 90 минути во сезоната и тоа на самиот старт против Лестер, 10. август.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Дали останува?

Тешко е да се каже од оваа перспектива, а Макс Карденас, еден од чилеанските новинари, откри дека постои можност да остане и се да започне од почеток.

„Најлоша сезона во Европа за Алексис, како и за целиот тим. Многу фактори постојат за тоа, повреди, стилот на тренерот, критиките поради платата. Ако сака, тој ќе се обиде повторно, а постои можност и да побара нов клуб, каде што повторно би можел да биде среќен“, напиша новинарот.

До сега се зборуваше само за заминување, сега во медиумите се пишува и за останување. Но, главното прашање е дали Алексис Санчез заслужува шанса или не.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јувентус се договори со младинец на Барселона за летото, но го сака уште сега

Во Јувентус се договориле со десниот бек на Селта, Оскар Мингеса, за неговото доаѓање во к…