Дома Фудбал Англија Новинарите го избраа Салах за играч на сезоната

Новинарите го избраа Салах за играч на сезоната

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах беше избран за најдобар играч на сезоната во Премиер лигата од страна на новинарите.

Египќанецот доби 48% од сите гласови и победи во трката со Кевин Де Брујн и Деклан Рајс.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Салах по вторпат ја освои оваа награда, прв пат ја доби во 2018 година. Минатата сезона Здружението на фудбалски новинари за најдобар го избра дефанзивецот на Манчестер Сити, Рубен Диаш.

Мохамед Салах до сега на 31 натпревар во Премиер лигата постигна 22 гола и 13 асистенции. Во сите натпреварувања има вкупно 30 гола и 14 асистенции на 44 натпревари.

За најдобра фудбалерка е прогласена, Сем Кер од Челси. Австралијката е најдобар стрелец во Супер лигата со 18 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Една година затвор за навивач кој расистички ги навреди Винисиус

Навивачот на Мајорка кој неодамна го навредуваше Винициус Жуниор од Реал Мадрид на расна о…