Дома Трансфер зона Нова ера на „Гудисон“: Заминува легендата после 11 години и 403 натпревари

Нова ера на „Гудисон“: Заминува легендата после 11 години и 403 натпревари

Како што пренесуваат англиските медиуми, го чека понуда од САД.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кариерата ја започна во Виган, за тој клуб настапуваше пет години, а потоа премина во Евертон.

Лејтон Беинс на „карамелите“ е член од 2007 година, а до денес запиша 403 настапи во дресот на клубот од „Гудисон Парк“.

Беинс е познат по разорната лева него, долго беше и капитен на Евертон, но изгледа дека дојде време да се раздели од омилениот клуб.

Евертон неодамна за нов спортски директор го постави Марсело Брендс, поранешниот човек за трансфери на ПСВ и дека во клубот би можел да започне да вложува и Алишер Усманов, човек кој има дел од акциите на Арсенал.

По, се изгледа на „Гудисон“ започнува нова ера…

Според „Дејли Мејл“, Беинс кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата. Се уште не е познато во кој клуб. Не е исклучена можност заедно со Вејн Руни да премине во Ди Си Јунајтед, клуб со кој Руни веќе се договори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…