Хаосот во Милан го налути и Златан Ибрахимовиќ.
После заминувањето на Бобан и поразот од Џенова на површина во Милан испливаа конфликтите. За Милан на некој начин е добро што првенството е одложено, иако „росонерите“ скоро и да немаат шанси успешно да ја завршат сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Она што се случуваше помеѓу Газидис и Бобан ќе заврши на суд, Хрватот доби отказ, спогодба нема, а работите ќе се решаваат во судниците. Од друга страна откриено е дека со Ралф Рагник договор имало уште во декември и тоа Газидис го става во незгодна положба.
Како што пишуваат италијанските медиуми, целата оваа ситуација го налутила Златан Ибрахимовиќ.
Швеѓанецот наводно влегол во вербален конфликт со Газидис, го нападнал главниот човек во клубот и му кажал дека се растурил, наводно го потсетил и дека го уништил Арсенал.
Не постојат никакви шанси Ибрахимовиќ да остане во клубот и тој сигурно ќе го напушти Милан во јуни, може и порано ако првенството биде завршено, односно ако не продолжи во април.