Новак Ѓоковиќ лесно се пласираше во второто коло на Вимблдон, а по мечот со Вито Коприва ги спореди моментите кога го оперираше лактот со интервенцијата која, според сите оценки, беше неизбежна на неговото колено по Ролан Гарос.
„Ситуациите се различни од едноставна причина што се работи за различен дел од телото. Имаше спротивставени и различни мислења кога беше во прашање повредата на лактот, додека за коленото сите ортопеди, хирурзи, доктори по општа медицина, сите луѓе со кои контактирав или моите луѓе од тимот, кои беа многу и кои контактираа во тие четири, пет часа, апсолутно сите од целиот свет се согласија дека треба да се направи операција и да се отстрани тој дел од менискусот – изјави Новак.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Токму поради согласноста на сите лекари, брзо се решил на тој чекор.
„Чекор кој е инвазивен третман, хируршка интервенција наречена артроскопска, каде што се користат инструменти, но штетата предизвикана при таа интервенција е многу помала отколку што била за лактот. И по таа операција на лактот се вратив доста брзо, по шест недели одиграв натпревар. Иако со лактот беше поинаку бидејќи чувствував дека неколку месеци потоа имам проблем со техниката на сервисирање. Морав да го сменам движењето, механиката и тоа навистина ми пречеше. Концептот на играта ми се промени, што не е случај за коленото – изјави Ѓоковиќ.