Иако се поврзуваше со трансферот во Милан и Челзи, Бразилецот Бернард на крајот договори трансфер во Евертон.
Бернард беше слободен агент откаку му заврши договорот со Шахтјор и многу европски гиганти се интересираа за неговиот потпис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите најавуваа дека е блиску до трансфер во Челзи и Милан, но Евертон во последен момент испрати најдобра понуда.
Имено, „каралемите“ му понудија 5-годишен договор тежок 6 милиони евра по сезона и го добија потписот на крилниот напаѓач.
Бразилецот се очекува во текот на денот да пристигне во Англија, а после лекарските прегледи и официјално ќе стави потпис на договорот.