Главна трансфер цел на Пари Сент Жермен во зимскиот преоден рок ќе биде квалитетен играч за врска.
Тренерот Тухел уште во летниот преоден рок бараше засилување на таа позиција, а сега откако „отпадна“ и Рабио, клубот сигурно мора да донесе најмалку квалитетен играч за врска.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ во зимскиот преоден рок нема да може да троши големи суми поради Финансискиот фер-плеј, па поради тоа главна цел ќе биде Цеск Фабрегас.
Шпанецот има уште 6 месеци договор со Челзи и може да ја промени средината во јануари за „симболична“ сума, а „светците“ во него гледаат идеална замена за Рабио.
Фабрегас долго време се поврзуваше со трансфер во Милан, но „Екип“ пренесува дека сега ПСЖ е во пол-позиција за неговиот потпис, бидејќи му нуди финансиски подобри услови и играње во Лигата на шампиони.