Златан Ибрахимовиќ денес се врати на тренинзите на Милан, но неговото брзо враќање на терените е под голем знак прашалник.\
Искусниот 39 годишен напаѓач игра навистина одлично сезонава, но веќе две недели е надвор од терените поради повреда на бутниот мускул. Денес го одработи првиот тренинг со екипата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа како што тврди „Скај Спорт“ проблемите со повредата продолжиле и многу е веројатно дека Ибра ќе се врати на почетокот на 2021 година.
Според информациите Милан нема да ризикува и Ибра би требало да го видиме дури на 3. или 6. јануари кога Милан ќе игра со Беневенто и Јувентус.