Дома Фудбал Англија Никој од фудбалскиот свет не го поддржува Сити

Никој од фудбалскиот свет не го поддржува Сити

Манчестер Сити минатата недела доби казна од УЕФА за двегодишна суспензија од европските натпреварувања и казна од 30 милиони евра поради нарушување на Финансискиот фер-плеј.

Актуелниот англиски шампион веднаш упатуи жалба до Арбитражниот спортски суд и сега се чека конечна одлука.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола тврди дека никој од фудбалскиот свет не го поддржал неговиот клуб после казната.

„Дали добивме пораки со поддршка? Не“, кратко одговори Гвардиола.

„Горд сум на тоа како клубот работеше изминатите години и никој не ни помагаше. Меѓутоа, не можеме да го промениме мислењето на луѓето, иако знам колку тешко работевме. Не е готово, вложена е желба, ќе видиме што ќе се случи“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Атлетико без милост, Милан рутински

Атлетико Мадрид и Милан забележаа гостински победи во Лигата на шампиони против Спарта Пра…