
Барселона досега заврши три трансфери. По истекот на договорите пристигнаа Андреас Кристенсен од Челзи и играчот за врска на Милан, Франк Кеси, а денес беше потврден и трансферот на офанзивецот од Лидс, Рафиња.




Многумиан ги интересира од каде се парите на Барселона за вакви засилувања кога клубот поминуваше низ финансиска криза. Реномираниот италијански новинар, Фабрицио Романо ја коментираше оваа ситуација.




Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
„Да бидам искрен, не знам. Луѓето од фудбалот не знаат, менаџерите не знаат…Никој не знае како Барселона во овој момент има пари за засилувања“, искоментира Романо.




Барселона во овој преоден рок ја напуштија Клемент Ленгле, Адама Траоре, Арнау Космас, Лазар Царевиќ, Лук Де Јонг и Феран Јутгло.