Дома Трансфер зона Никој не го сака: И Солскјер му даде „корпа“ на Бејл

Никој не го сака: И Солскјер му даде „корпа“ на Бејл

Тренерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер стави „вето“ на трансферот на Герет Бејл и не го сака во својот тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според пишувањата во англиските медиуми, 46-годишниот Норвежанец планира да го подмлади составот на „црвените ѓаволи“ и поради тоа се откажал од Бејл.

Бејл има договор со Реал Мадрид до 2022 година и „кралевите“ јасно му порачаа дека за него нема повеќе место во тимот. Сепак, тешко дека ќе можат да најдат клуб кој е заинтересиран за Велшанецот.

Бејл има висока плата од 17 милиони евра по сезона и не сака да се откаже ниту од цент од своите примања, па е спремен да остане на трибини во Мадрид и да го одработи договорот.

Најконкретна можност за 29-годишниот Велшанец беше токму Манчестер Јунајтед, но сега пропадна и таа можност, бидејќи Солскјер сака да ја засили таа позиција со помлад фудбалер.

https://youtu.be/LyNUaLodwLg

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…