До почетокот на елиминационата фаза од Лигата на шампионите ни останаа само уште осум дена.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Наредниот вторник после пауза од три месеци продолжува Лигата на шампионите. Денес на сајтот на УЕФА беа потврдени тимови, а можеме да кажаме дека никогаш немало волку промени во составите.
Големиот број трансфери, доаѓањето и заминувањето на играчи во најсилните клубови придонесоа и за промени во составите за најелитното еворпско натпреварување.
Во продолжение ви ги претставуваме сите промени.
БАРСЕЛОНА
Пријавени: Хозе Арнаиз, Давид Костар, Јери Мина,
Одјавени: Жерар Делофеу, Хавиер Маскерано, Рафиња, Арда Туран
БАЗЕЛ
Пријавени: Фабијан Фрај, Лео Лакро, Валентин Штокер
Одјавени: Мануел Аканџи, Александар Франс, Омар Габер, Седрик Итен, Дерек Кутеса, Доминик Шмид, Ренато Штефен
БАЕРН МИНХЕН
Пријавени: Мануел Ноер, Сандро Вагнер, Кваси Окере Врит
Одјавени: Марко Фриндл
БЕШИКТАШ
Пријавени: Кајл Ларин, Вагнер Лав, Домагој Вида.
Одјавени: Оркан Чинар, Сијар Кепир, Матеј Митровиќ, Ценк Тосун
ЧЕЛСИ
Пријавени: Рос Баркли, Оливие Жиру, Емерсон Палмери
Одјавени: Џејк Кларк Солтер, Мичу Батшау, Кенеди, Чарли Мусонда
ЈУВЕНТУС
Пријавени: Стефан Лихштајнер
Одјавени: Бенедик Ховедес
ЛИВЕРПУЛ
Пријавени: Натаниел Клајн, Дани Ингс, Вирџил Ван Дајк
Одјавени: Фелипе Кутињо, Џон Фланаган, Марко Грујиќ, Даниел Стариџ
МАНЧЕСТЕР СИТИ
Пријавени: Емерик Лапорте, Олекандр Зинчеко
Одјавени: Џејкоб Давенпорт, Елијаквим Мангала, Чарли Оливер
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
Пријавени: Алексис Санчез
Одјавени: Хенрик Михтаријан, Џејмс Вилсон
ПАРИ СЕН ЖЕРМЕН
Пријавени: Ласана Диара
Одјавени: Реми Дешан, Муса Џиаби, Алек Жоржен, Лукас Моура
ПОРТО
Пријавени: Џордан Осорио, Гонсао Пасиенси, Мажид Варис
Одјавени: Жоао Коста, Жорж Фернандеш, Ернани, Мигел Лајун, Рубен Маседо, Федерико Варела
РЕАЛ МАДРИД
Пријавени: Нема
Одјавени: Нема
СЕВИЉА
Пријавени: Гиљермо Арана, Роке Меса, Сандро Рамирез
Одјавени: Гансо, Крон-Дели, Борха Ласо, Валтер Монтоја
ШАХТЈОР
Пријавени: Додо, Руслан Фомин, Вјачеслав Танковски
Одјавени: Марсио Азеведо
ТОТЕНХЕМ
Пријавени: Ерик Ламела, Лукас Моура
Одјавени: Хуан Фојт, Жорж Кевин Н’Куду