Дома Останати Кошарка НБА Не успеаа да го доведат Дејвис, па Лејкерси се враќаат по Кармело Ентони!

Не успеаа да го доведат Дејвис, па Лејкерси се враќаат по Кармело Ентони!

Лос Анџелес Лејкерси повторно размислуваат за доведување на Кармело Ентони, пренесува „ЕСПН“.

Тимот од „градот на анѓелите“ во текот на трејд периодот се обидуваше, но не успеа да го доведе Ентони Дејвис.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„ЕСПН“ пренесува дека Лејкерси поради тоа повторно своето внимание ќе го насочат кон 34 годишниот Кармело Ентони. Ќе потсетиме, Мело е слободен откако Чикаго Булс се откажаа од неговите услуги.

Лејкерси ослободија простор така што ги трејдуваат Ивица Зубац и Мишел Бесли.

Мело во текот на својата кариера играше за Денвер, Њујорк Никси, Оклахома и Хјустон. Дури 10 пати беше дел од „Ол-Стар“ натпреварот, два пати беше избиран во вториот тим на сезоната, четири пати во третиот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Проблем за Далас, се повреди Дончиќ

Ѕвездата на Далас, Лука Дончиќ се здоби со повреда на зглобот на десната рака, објавија та…