Лионел Меси се уште не потпишал нов договор со ПСЖ иако актуелниот му истекува на крајот од сезоната и поради тоа во медиумите се погласно се шпекулира дека би можел да го напушти Париз.
Најмногу се најавува негово враќање во Барселона од каде што мораше да си замине поради финансиските проблеми на каталонскиот гигант. Сега еден од најпознатите новинар и експерт за трансфери Фабрицио Романо тврди дека проблемот што Меси се уште не потпишал нов договор со „светците“ не е во парите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа објава на Романо доаѓа откако дел од француските медиуми пренесуваа дека условот на Меси е да добиел примања како Мбапе, но сепак Романо тврди нешто друго.
„ПСЖ достави понуда до Меси за нов договор, а Меси не бараше плата како други играчи. Факторот кој одлучува во преговорите не се парите. Меси сака точно да знае каква улога ќе има наредната сезона и како тимот планира да изгледа ако го продолжи договорот. Токму затоа не сака да брза и чека да види како работите ќе се одвиваат“, пренесува Романо.