Дома Фудбал Италија „Не останав во Серија А за да не го предадам Јувентус, тоа е единствената причина“

„Не останав во Серија А за да не го предадам Јувентус, тоа е единствената причина“

Јувентус низ својата историја имал многу фудбалери кои покажале верност кон клуб, но Клаудио Маркизио е приказна за себе.

Маркизио летото 2018 година одлучи да го напушти Јувентус и сите беа изненадени што кариерата ја продолжи во Русија во Зенит. Во Зенит Маркизио одигра само 15 натпревари после што ја заврши кариерата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Многумина веруваа дека Маркизио може да игра уште неколку сезони на високо ниво, но очигледно дека тоа за него не беше предизвик. Во едно вклучување на Инстаграм Маркизио сега доби прашање зошто кога го напушти Јувентус не останал во Серија А бидејќи за него имаше голем интерес.

„Не можев да останам во Сериј А затоа што не можев да го предам Јувентус. Тоа е главната и единствена причина. Не е тука само тоа што навивачите и кубот ми го дадоа мене, туку и поради она што јас го поминав во Јувентус. Исто така, имав голема желба да се пробам надвор од Италија. Русија беше посебен предизвик за мене и за целото мое семејство“, изјави Маркизио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…